Откако трговскиот центар „Глобал“ изгоре речиси до темел, власта е должна да одговори на неколку прашања, но и Обвинителството мора да се заинтересира кога ќе го истражува овој случај, пишува Република.
Како прво, надлежните мора да да дадат одговор на тоа зошто противпожарниот систем во „Глобал“бил целосно неупотреблив.
Тоа и го поврдиле пожарникарите кои го гаснеле пожарот. Во холот на трговскиот имало неколку хидранти но ниту еден не бил полн со вода.
Но, ништо подобра не била ниту ситуацијата со хидрантите во близина на трговскиот. И тие или биле празни или пак нивните приклучоци не одоговарале со опремата на пожарникарите.
Затоа, очевидци тврдат дека пожарникарите наместо веднаш да се зафатат со огнената стихија неколкупати да одат во пожарната и да полнат вода а со тоа и губеле време.
Вработени во објектот исто така велат дека внатре немало ни прскалки за вода, односно т.н спринклери.
Затоа Обвинителството мора уште еднаш да истражи дали објектот имал употребна дозвола, дозвола за градба и колку се прекршени законите за безбедност при работа.
Ако сево ова се утврди случајот „Глобал“ треба да заврши со сериозни затворски казни, како и што почна за што сегашниот премиер, а тогашен градоначалник Зоран Заев беше амнестиран.