Денеска во СДСМ на вонредните внатрепартиски избори за наследник на Зоран Заев, е избран Димитар Ковачевски.

Гласале вкупно 44.406 членови на СДСМ. За Ковачевски гласале 37 649 партиски членови. За разлика од него, Фросина Ременски, која е поранешна потпретседателка на партијата освои 2 836, а за Јован Деспотовски, актуелниот в.д директор на Дирекцијата ТИРЗ гласале 3 319 сопартијци. Неважечки биле 602 гласа.

Гласањето се одвиваше на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08:00 часот наутро, се до 19:00 часот попладне.

Покрај Ковачевски, за претседател на партијата се кандидираа и Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.