Албанија протера двајца ирански дипломати кои се занимавале со несоодветна работа за нивниот статус и биле закана за безбедноста на државата.
Портпарол на албанското МНР изјави дека двете лица биле протерани по разговори со други држави меѓу кои и Израел.
Албанските власти не соопштија кои се двајцата дипломати, кога биле прогласени за персона-нон-грата и дали ја напуштиле веќе државата.
Според приватната телевизија Топ чанел, Иранците биле поврзани со незаконски активности со натпреварот за СП меѓу Албанија и Израел пред две години. По тој натпревар на кој имаше закани за терористичпки напад, во Албанија и во Косово беа уапсени 20-на лица.