Бразилски сојузен судија подигна обвинение против претседателот на државата Мишел Темер поради корупција и перење пари откриени во истрага за пристаништа.

Темер ја напушта функцијата на 1 јаннуари и е под истрага за наводно примање мито во замена за издавање одобренија во 2017 година за продолжување на концесии за две пристаништа до 70 години.

На Темер може да му се суди додека е на функција само ако Долниот дом на Парламентот изгласа да се одржи судење и тоа најверојатно според бразилски медиуми, нема да се случи пред да ја напушти функцијата. Тој сепак, ќе мора да се соочи со судење во почетокот на наредната година.