Данската пратеничка Мете Абилгор се пожали дека и било речено веќе да не го носи бебето во пленарната сала.
Таа изјави дека ја носела на работа 5-месечната ќерка бидејќи таткото на бебето бил зафатен и не можел да се грижи за неа вчера.
Наредбата дошла од шефот на Парламентот, Пиа Керсгор.
-Пленарната сала е за пратеници, не за бебиња или деца, изјави Керсгор. Нејзин портпарол рече дека таа само ги следи правилата.