Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р. (50) од Прилеп и Е.А.(23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.
Како што соопшти МВР, на 15.08.2019 година по наредба на јавен обвинител полициски службеници при претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата „Гостиварска“ и улицата „Тризла“ одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кои ги набавувале во аптека од Велес.
Од двајца прилепчани полицијата запленила 9.900 капсули „трамадол“
