Екс шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Твитер објави фотографија од поставените плочки на спомениците во Република Македонија со кои Владата на Зоран Заев објаснува дека „тие припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација“.

– Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денеска се најде под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателство меѓу народите, напиша Коѕијас на Твитер.

Грчкиот министер, инаку голем пријател на Заев и министерот Никола Димитров, е еден од потписниците на Преспанскиот договор со кој беше сменето уставното име на Република Македонија. Неколку месеци подоцна под политички притисоци во Грција Коѕијас поднесе оставка на функцијата министер за надворешни работи на Грција.