Поклоничката група од нашата земја која што за Велигден престојуваше во Светата земја и беше сведок на големото чудо – симнувањето на Благодатниот оган, а во деновите на Христовите страдања чекореше и по стапките на Исус Христос, го исполни дадениот завет и ги донесе од Ерусалим во Македонија двата големи крста кои на Велики Петок поминаа по патот на Страданијата Христови и беа осветени на гробот на Господ Исус Христос, информира „Премин портал“.

Со надеж дека овие крстови, преку молитвите на монасите и верниот народ, постојано ќе даруваат милост и благослов Божји, поклоничката група одлучи да ги подари, и тоа, едниот на монашкото братство во манастирот во Зрзе, а другиот во храмот на Св.Димитриј во Варош, Прилеп.

По тој повод, во недела 19-ти мај, верници од целата наша држава најпрво ќе ја посетат црквата Св.Димитриј во Варош и ќе се поклонат на крстот што ќе биде подарен таму, а потоа ќе бидат учесници во литијна поворка која со вториот осветен крст ќе се упати кон Манастирот Зрзе.

Ивор: Премин портал