Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи се огласи со коментар за видеото „Силно светнал ден, 35 години независност“, велејќи дека се што било позитивно во овие 35 години носи потпис на СДСМ.

Филипче вели дека во видеото се прикажани најголемите успеси на Македонија во 35 годишната незавиност, а тоа го прeпишува на СДСМ.

Корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Х, каде првиот човек на СДСМ го објави својот став, му порачаа дека е подобро од неговите објави да ги исклучи коментарите, како и дека не се заборавени националните предавства на СДСМ како дел од „успесите“.

Со реакција се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија истакнуваат дека е штета што и овој пат СДСМ е на погрешната страна.

-Згрозени сме од нивото на политичка култура на Венко Филипче и од начинот на кој политизираат нешто што граѓаните го разбираат и прифаќаат како народна прослава на независноста. Искрено жалиме што СДС нема капацитет да ја види големата слика и да го надмине сопствениот талог. Не сме изненадени, но сме разочарани од тоа што денес претставува ова раководство на СДС, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Видеото ги прикажува почетоците на Македонија како самостојна држава, од прогласувањето на независност, воведување на сопствената валута денар, преку големиот број спортски и културни успеси, како и лица од јавниот живот преку кои Македонија е широко позната како држава.