После откривањето на 200 килограми марихуана на Плетвар, полицијата извршила проверки во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, кои според МВР се поврзани со Александар Ушилковски, второосомничениот за трговијата со дрога, брифираше денеска МВР за вчерашната акција.
Првичните претпоставки се дека марихуaната била земена од овие две фабрики и требало да биде прошверцувана и продадена во селото Радобил, а потоа да заврши на нарко пазарот во Грција.
Уапсени се вкупно шестмина, покрај Ушилковски уапсен е и командирот на прилепската полициска станица Кире Спиркоски, кој бил во првиот автомобил од нарко-конвојот, и иако е полицаец на групата и служел како чистач за да не биде откриена пратката. Уапсен е и жител на Гевгелија кој според полицијата е организатор на групата. Приведени се и припадници на групата кои се од Куманово, Битола и Струмица.
При претресите во домовите на уапсените најдено е и нелегално оружје, муниција, избоени пари кои потекнуваат од ограбен банкомат, колекција од луксузни часовници, но и поголема сума на пари.