27 март 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 март.

Денеска е Преподобен Бенедикт Нурсиски.

На Запад монаштвото се развило многу подоцна отколку на Истокот, а со право за негов основач се смета свети Бенедикт. Овој се родил во 480 година во италијанскиот град Нурсија. Како млад се школува во Рим. Таму се одлучил да започне пустиножителски живот, одбиен од распуштениот живот во престолнината. Се населил во една пештера близу градот. Набргу се расчул гласот за овој смирен монах. Подоцна свети Бенедикт се преселил на југот од Италија, во Кампања, и се сместил во областа на Монте Касино. Таму изградил црква посветена на свети Јован Крстител, околу која се собрале повеќе монаси.