Во 2020 година, во 26-те членки на ЕУ за кои се достапни податоци, имало 168 000 повеќе починати во периодот меѓу 10-та и 26-та недела од годината (март – јуни) во споредба со просечниот број на починати во истите држави во истиот период во текот на четири години од 2016 до 2019 година, објави Евростат.

Овие податоци ги вклучуваат сите починати лица од сите причини и можат да бидат показател за директното или индиректното влијание на епидемијата со Ковид 19 меѓу европската популација.

Пикот бил достигнат во 14-та недела – крај на март, почеток на април – кога умреле 36 000 лица повеќе во споредба со истиот период во претходните четири години.