Рано утрово на распит е приведен поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, пишуваат повеќе медиуми.

Според информациите полицијата го спровела пред судот, по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Рашковски, пред неколку дена поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на владината програма.

По бројните критики во јавноста и неколкуте случаи коишто беа отворени за него, тој во својота неотповиклива оставка вели дека се повлекува за да го зачува достоинството и интегритетот.

Тој во период кога Македонија се соочуваше на најсилниот бран од пандемијата замина на годишен одмор во Мексико од каде што со јавноста за аферите се „допишуваше“ преку социјалните мрежи. Во истиот период на одмор, но во Дубаи, беше и вицегувернерот за корупција Љупчо Николовски. Тоа во јавноста предизвика реакции и револт.