Јуначки игри

Прескакање: Двајца го затегнуваат појасот, во восочина на човечко тело, а останатите играчи го прескокнуваат. Има случаи кога играчите бараат појасот да се крене нешто повисоко и тоа на ножови.
Фрлање камен и скокање од место.- Скокање од место е најдобро кога се скока три пати едноподруго (без прекин). Такви скокачи во Малешево има многу.

Во селото Митрашинци постои Арамиска Чесма, каде што и сега се знае белегот до каде во турско време скокнал некој Митрашинец.. – Велат, тој бил поведен во затвор и Турците-придружмици навратиле на таа чешма да се напијат вода, каде шпто после и скокале.Тој Митрашионец прво скокнал четиори метра, па шест и најпосле одум (во должина). Бидејќи положбата на местото била накосо тој успеал по последниот скок да побегне. Турците восхитувајќи се на неговата храброст не сакале да го фатат. (Денес тоа место кај Арамиска Чесма се вика Рипалница).

Комитска игра: Оваа игра обично луѓето ја играат на свадба. Повеќе луѓе се фаќаат на орото, и тогаш сите гледаат во ороводецот, тоа што тој го прави го прават и другите. Тогаш ороводецот ги наместува мустаќите (ги дотерува) а тоа го прават и другите. Се тепа по градите, по главата, ја фрла капата, ја крева ногата на вратот итн. Тој што тоа не го прави, го бркаат од орото и му велат по некој турски збор чие значење во друштво не би смеело да се каже (или му велат да направи нешто што не е убаво).

Борење: Порано имало борење на турските свадби, и за Бајрам како и на нашите празници: Велигден, црковните слави и други денови. Се бореле меѓусебно Турците или имало борење меѓу муслиманите и христијаните. За тие денови Турците ги викале познатите мегданџии од други места. На најдобрите борачи им биле давани награди од страна на тој што ги викал или што им командувал. Наградите најчесто биле: бивол, овен и др. поситни работи. (Познат борач бил дедо Дончо од Негрево).

Борачите од облека имале само тесни кожни панталони до колената. Рацете како и местата каде што борачите се фаќале биле намачкани со зејтин.

Борачите се викале пеливани. Најдобрите турски пеливани биле јуруците од струмичкиот крај, а од христијаните – Малешевци тоа биле: Беровци, Умленци и Будинарчани. Се случувало повеќепати борачите долго да се бореле и не можеле едниот да го победи другиот. Во таквите случаи заинтересираните гледачи (соселани или роднини) посредувале, борењето да се прекине, а наградата да се подели на двајцата. Денес Помаците во Црвеник се борат за време на сунетот. Пеливаните од Црвеник секогаш биле познати.

Во нашите малешевски села има борење меѓу самите христијани – Малешевци и тоа во близина на ората.

Во таа пригода додека женските играат на орото машките го гледаат борењето со поделени симпатии кон пеливаните. Ако се бори маж и има опасност да биде соборен, а тоа го гледа жена му, таа обично ги моли присутните да влијаат на пеливаните борењето да се прекине (зашто и е жал да гледа како мажот и вложува натчовечки напори за да победи).

Понекогаш борачите доаѓаат во таква неповолна состојба што е во спротивност на правилниот начин на борење. За тие и натаму да не се дават и да не се мачат, гледачите посредуваат со тоа што одат и ги разделуваат со што и борењето се прекинува.

За време на борењето тапаните со свирките (зурлите) удираат. Тапанџиите го најавуваат и започнувањето на борењето (засвиреа борозани, заиграа пеливани).

Според книгата „Малешево и Малешевци“ од Јеремија Павловиќ, Београд 1929. (Подготви Марко Китевски)