Ние со љубов не се зедофме, со стројници, ама ногу убав брак си имафме. Стројот во стреда го прајф јас.

Тога немаше вакви торти, работи тогај алвата. Хрисула ни е напрај и оние ванилички. Строј убав, немаше некоја голема луксуз, ама голема веселба беше, со играјне, со пеејне, со парстенчијна давајне, чадорче, фустанче, то. Сватојте дојдоа околу десетина души така. Ја не и пречекаф, после излегоф јас. Прво и пречеквет рорниниве, после ќе бидеш таму да фатиш тока, да се рукуваш и после ќе ти подарувет кој ланче, кој прстенче, кој чадорче. Е, така то беше. Е сега се чекат шо е адет песма од невестата. Јас бев срамежлива, после Номче почна да пејт „Ох, љубоф, љубоф незнаена…“ Сега сврши кај мене стројот и сега да си одете таму да се почестет требит. Некој двајсет души од кај мене ќе одет кај свекор ми сега, така как’ шо е адет.

За свадбата. Ќе дојдет, ние ќе играме оро со песми „Бурјано, Бурјанке“ ќе е пејме, ти рекоф-ми рече, како да е, ќе дојдет сфатојве, невестава ќе сејт в ќоше. После ќе барафме пари, не давам, давам па ќе им дајт некоја паричка и од тие пари ќе се купиме нешчо. Ќе дојт деверов да и облечит кондуриве, ама не е давет: „Плати ни, па ќе ти ја дајме невестава“. Тој велит: „Не давам пари“. И ќе му дает пари, ќе влезит натре, со кондурите со вино, да се напијат невестава од кондурите. Имат неколку момички околу невестава, ние шо е облеквефме, и после ќе го тарнет то нејзиното чевле, ќе го земит или Зора или Донка, кој било да се мажет побаргу тие, знајш мајата да е фатит.

После се ојт на венчавка, од ванчавка ко ќе дојт, со свешчиве, со сомуниве, да не шатат ногу невестата. Е па сега, ко да речиме: „Не излегвит, не ојт да шетат ова, домаќинка е“. Е чукнаја за оџак. Сега така велиме ние. И со медот ќе е намачкаат на врата, со прстот на вратава, крвче ќе напорајт и соминуте ќе и клает таму за бериќет, машко ќе и седнет, дете ќе си клајт, некое роднинче, машко, да му дајт чорапчина, машко да имале. После ќе се играт, ќе се пејт, то време немаше хотели, дома ќе се ручаше, све убо, лепо. Вечерта после ќе се затвореа да си легнет и ќе си тропет утредента братимите да видет шо е работава со невестава, дали е пошчена или не е пошчена. Па питулици одма, па ракија, блага ракија утредента и питулици, комшијте, роднините ќе дојдет. Ако не е чесна богами, не давет ракија. Тога немаше нечесни, сега…

Вечерта од кај невестата ќе ојме кај зетот со алва, за каната. Ќе одет од кај зетот, кај невестава да ги канет со шише вино и со свеќа на шишето вино: Да појлите да дојдите со каната. и со алва ќе одефме кај зетот, ќе играфме, ќе пеефме, то истата вечер после ручекот, квечерината, вечерта, ко ќе свршеше то, кај пет сатот, шес се одеше. Недељата одма се ојт на парвиче зато шо да мојт невестава да ојт кај таткото, кај мајката, инаку то не те викат на парвиче не мојт да ојт и на првичето се берет свекор, свекрва, девер, јатрва, золва, кумот, братимот, И пак си е со веселба, со пеејне, со јадејне, со пиејне со све.

(Д. Чудова, 1928)

Од книгата „Така се зборува во Охрид“ приредиле Лилјана Гушевска и Лилјана Минова-Ѓуркова, Скопје 1999. (Подготви Марко Китевски)