За коронавирусот сè уште не се познати многу работи, но се знае колку е разорен за човечкиот организам. Што всушност се случува со човечкото тело поради борбата против коронавирусот? Да погледнеме од орган до орган.
Коронавирусот, толку генетски е сличен на САРС, поради што е наречен негов наследник.
Белите дробови: Нулта точка
Во повеќето случаи, болеста започнува и завршува во белите дробови, бидејќи самиот коронавирус е респираторна болест. Оваа зараза се пренесува со искашлување на заразни бактерии. Симптомите првично се слични на настинка: пациентот чувствува треска и кашла. Состојбата потоа може да се влоши и тогаш доаѓа до воспаление на белите дробови.
Според досегашните податоци, 82% од заразените покажале благи симптоми на болеста, додека другите случаи биле сериозно болни или критични.
Болеста е предизвикана од коронавирусот кој за кратко време ги напаѓа белите дробови. Мукозата (слузот) ги штити белите дробови од патогени микроорганизми и спречува сушење на белите дробови, додека треперечките клетки ги елиминираат вирусите. Како и САРС-от, коронавирусот ги напаѓа треперечките клетки, со што им допушта на течностите и честичките однадвор да влезат во белите дробови.
Тогаш нашиот имунолошки систем се активира со присуство на вирусен натрапник. Воспалението се развива, инаку локализира кога е потребно. Сепак, може да дојде до пресилен одговор на нашиот имунолошки систем, кој започнува да уништува сè пред нас, вклучително и здравото ткиво.
Со тоа влегуваме во последната фаза. Продолжува уништувањето на белите дробови, што може да има фатален исход. Ако пациентот преживее, можно е трајно оштетување. На пример, на многу преживеани пациенти од САРС, имаат лузни на нивните бели дробови слични на саќе. Во оваа фаза, на пациентите им е потребна механичка вентилација за да можат да дишат.
Како резултат на воспалението, поставата помеѓу кесата на белите дробови и крвните садови ослабува и почнува да протекува течност, што е причина за смрт кај тешко болните случаи.
Желудник: Влегување во телото
Ретки се луѓето заразени со коронавирусот, кои имаат дијареја и болки во стомакот. Сè уште нема податоци дали гастроинтестиналните симптоми се присутни во случај на оваа инфекција. Ако се прашувате каква врска има болеста на дишните патишта со желудникот и цревата, одговорот лежи во природата на секој вирус да се врзува за протеините што една личност ги внесува во телото. Желудникот е сигурен начин за влез на вируси во човечкото тело.
Не е познато дали коронавирусот, како што е во случај на САРС и МЕРС, може да навлезе во големото и тенкото црево и да предизвика сериозна дијареја. Според две неодамнешни студии, коронавирус е пронајден и во примероци од столицата (изметот) од заразени лица, и потребно е да се испита дали инфекцијата може да се пренесе на овој начин.
Крвоток: Хаотична состојба
Поради веќе споменатиот пресилен одговор на имунолошкиот систем на инфекцијата, другите системи во човечкото тело можат да бидат погодени од коронавирусот. Во ретки случаи, пациентите претрпеле срцев удар, како и акутно оштетување на бубрезите. Сепак, Ангела Расмузен, виролог на универзитетот Колумбија во Њујорк, верува дека она што се случува во крвотокот е таканаречен „буица на цитокини“.
Цитокините се протеини кои го алармираат имунолошкиот систем каде се појавила инфекција, да се уништи заразено ткиво и да се спаси остатокот од телото. Проблемот е во тоа што коронавирусот предизвикува пресилен одговор од имунолошкиот систем, кој покрај заразените клетки, го напаѓа и здравото ткиво.
Всушност, според Расмузен, доаѓа до внатрешно крварење. Во некои од најтешките случаи, органите престануваат да функционираат како резултат на цитокини и намален капацитет за внесување кислород. Научниците се обидуваат да откријат во каква врска се хроничните заболувања, како што се проблеми со срцето или дијабетес, со компликациите предизвикани од вирусот.
Црн дроб: Колатерална штета
Вирусите кои се пренесуваат од животни на луѓето, како што е случајот со коронавирусите, честопати влијаат и на црниот дроб. Бидејќи црниот дроб е многу васкуларен орган, вирусот лесно може да дојде до него преку крвотокот.
Црниот дроб произведува ензим кој ги забрзува хемиските процеси во нашето тело. Во здрав организам, клетките на црниот дроб постојано умираат и ослободуваат ензими во крвотокот.
Проблемот се јавува кога ензимите го преплавуваат крвотокот, што е почесто кај пациенти со САРС и МЕРС. Научниците не се целосно сигурни како респираторните вируси влијаат на црниот дроб. Постои веројатност дека заразата е директна или доаѓа до сериозно воспаление како резултат на реакцијата на имунолошкиот систем на инфекцијата.
Престанок на функцијата на црниот дроб во случај на вирус САРС не беше причина за смрт на пациентот. Почесто пациентот бил со системска инфекција, а покрај црниот дроб, тој имал проблеми со белите дробови и бубрезите.