Сторијата на ТВ21 за 52-годишната на Лидија од Куманово, тешко болна и сама, ја поттикна хуманоста кај граѓните и социјалните работници. Во периодот откако за неа слушна македонската јавност, неа ја посетиле службеници од социјалниот центар и ветиле дека ќе прима социјална помош, а хумани лица и ја платиле киријата и и купиле храна.

ТВ21 по една недела повторно биле кај Лидија во Куманово. Како ја оставиле, велат, така ја нашле. Легната и неподвижна.

Но, таа сега се чувствува подобро откако хумани луѓе и помогнале да купи лекови и вели дека овие денови излегла на чист воздух благодарени на лековите.

„Освен тоа, ТВ21 на оваа жена и донесе уште едно добро. Неа ја посетија и службеници од социјалниот центар. И рекоа на Лидија да ја подготви потребната документација за да продолжи да прима социјална помош, информираат од телевизијата

Хуманите луѓе на Лидија и ја платиле и киријата за еден месец и и купиле храна. Таа им се заблагодари на сите нив.