Регулаторната комисија за енергетика одлучи за поскапување на горивата од вечерва на полноќ.

Цената на бензините се зголемува за 1 денар по литар, додека дизелот ќе се покачи за 0,5 денари по литар.

Така со најновата цена, од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 86 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 95 по 84 денари по литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 84,5 денари по литар.

Цената на екстралесното масло се намалува за 1 денар и ќе изнесува 82,5 денари по литар, додека цената на мазутот се зголемува за 0,3 денари, и ќе изнесува 41,3 денари по литар.