Словенија од понедленик почнува со масовно тестирање на населението за коронавирус, најави словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Премиерот појасни дека тоа ќе се спроведе преку брзи антигени тестови и ги повика луѓето да бидат тестирани со цел да се идентификуваат можните асимптоматски случаи и да се сузбие епидемијата поефикасно.
Владата објави дека ски-туризмот ќе биде дозволен од сабота, но посетителите ќе мора да имаат негативен тест за Ковид-19. Антигени тестови ќе се вршат од утре на граничните премини за оние кои сакаат да влезат во Словенија и да избегнат мерки за карантин.
Секој што ќе пристигне во земјата од „црвените“ зони ќе може да влезе без карантин, но само доколку има негативен тест од последните 24 часа.