Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево со полициска придружба го напушти СЈО каде што беше доведена откако беше приведена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.
Се очекува да биде донесена во Основниот суд Скопје каде што треба да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.
ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.
Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева.
Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Примила поткуп од осомничен во Империја
Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција денеска соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување лична корист.
Јовевски кажа дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари, така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.
Посочи дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
– Од ноември 2018 година до април 2019 година еден од осомничените во „Рекет“ со искористување на своето претпоставено влијание врз јавниот обвинител преку претходно воспоставени пријателски односи влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Откако осомничениот јавен обвинител донел наредба за спроведување на истражна постапка против повеќе лица во предметот со работен наслов „Империја“, влијаел на едно од лицата против кое се водело истрагата да му се олесни неговата положба во таа постапка со укинување на мерката притвор и да му се определи поблага мерка – куќен притвор, да му се даде својство на заштитен сведок и со наредба да се запре истражната постапка или да се склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета и да му се укине мерката на претпазливост привремено одземање на неговите патни исправи, истакна Јовески.
Според обвинителот двајцата обвинети во Рекет за да го убедат Орце Камчев дека можат да му помогнат во предметот Империја го искористиле влијанието на Катица Јанева врз обвинителката Лиле Стефанова користејќи ја блискоста на Бојан Јовановски и шефицата на СЈО.
– Со повеќе преземени дејствија двајцата осомничени за да го убедат осомничениот од предметот „Империја“ во влијанието кое едно од лицата против кои се води истрагата го има врз јавниот обвинител, во повеќе средби, телефонски преку спикерфон разговарал со јавниот обвинител и по разговорите и средбите откако осомничениот во случајот „Империја“ и неговата сопруга биле уверени во влијанието, двете лица против кои се води истрагата од овој осомничен барале осум милиони евра за олеснување на неговата положба и на 20 февруари 2019 година двајцата дошле во домот на осомничениот во предметот „Империја“ и од него зеле торба марка „Луј Витон“ со еден милион евра, а претходно додека тој бил во притвор од неговата сопруга зеле 500 илјади евра, појасни Јовески.
Во периодот март – април 2019 година по предлог на јавниот обвинител судот привремено одземените патни исправи му ги вратил на осомничениот од предметот „Империја“. Јавниот обвинител со тоа што при неизменети околности во кој бил определен и продолжен притворот и непосредно по тоа дал предлог тој да се укине и да се замени со поблага мерка куќен притвор, а потоа дал предлог и привремено одземените патни исправи да му се вратат на осомничениот.
Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле. Таа со полициска придружба беше донесена во СЈО.
Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева.
Се очекува Јанева од СЈО да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на ЈО за изрекување мерка притвор.
Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која со полициска придружба попладнево го напушти СЈО, повторно е вратена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.
Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева. Засега нема информации зошто Јанева е вратена дома.
Се очекува во текот на денов таа да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.
ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.
Полицијата денеска по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.
Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Мебел во моментов се изнесува од домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Козле, откако таа таму беше вратена со полициска придружба по претресот извршен во нејзината канцеларија во Специјалното јавно обвинителство.
При претресот во СЈО со налог е одземен нејзиниот компјутер. Засега нема информации зошто Јанева од СЈО е вратена во домот во Козле, по што се очекува таа да биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.
Претрес денеска освен, во домот на Јанева во Скопје и во нејзината канцеларија, се врши и во нејзината куќа во Гевгелија.
ЈО бара притвор за Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластување заради стекнување лична корист во случајот „Рекет.