Косовското Здружение на трговците со овошје и зеленчук смета дека одлуката на Министерството за трговија и индустрија на Косово за привремената мерка за зголемување за 30 отсто на царината на повеќе земјоделски производи кои влегуваат во Косово, е дискриминирачка и неправедна, јави МИА од Приштина.
Ова Здружение побарало од Министерството да ја смени одлуката, или во спротивно најави протести и отпуштање на вработените, пишува денеска „Коха Диторе“.
Домашното производство на некои од производите кои се заштитени, тврдат од Здружението, не задоволуваат ни 10 отсто од потребите на домашниот пазар.
И претставници на бизнисите, иако се за заштита на домашните производители, бараат проценката да се направи врз основа на барањата на потрошувачите. Во спротивно, ќе има поскапувања, како и проблеми со исполнувањето на потребите на пазарот.
Косовското Министерство за трговија и индустрија пред неколку дена донесе одлука за заштита на повеќе видови овошје и зеленчук, која треба да стапи во сила утре, 18 јули.
Косовската царина информира дека очекува уште неколку упатства од Владата, но дека од утре ќе започна да ја спроведува одлуката.