Од утре, бистрото  Здраво Живо, кое промовира внес на термички необработена храна која помага и кај тешки здравствени проблеми, започнува со најавениот новитет во својата програма. Еве што се вели во врска со тоа:

„Почитувани
Од 3 мај ја започнуваме долгочеканата програма ОБНОВИ ГО ТЕЛОТО
21 ден, секој ден 3 литра смуди, крекери и ручек на денот

Што добивате
– поголем внес на овошје и зеленчук
– внес на ензими
– поголем внес на влакна
– балансиран внес на маснотии, јаглехидрати, протеини и витамини
– загарантирано намалени тежина и обем
– зголемена енергија
– ПРЕВКУСНИ оброци

Еве како би изгледал еден ден

С1= спанаќ, јаболко, краставица, ананас, лимон, млеко од бадеми, ленено и конопово семе (детокс смуди, за будење, за чист ден)
С2= спанаќ, грашак, авокадо, манго, ленено семе (за енергија, за активност, за мускули)
Р=ајбсберг, манго, ананас, авокадо, краставица, бадеми, сите семиња, мајонез од индиски
Крекери за ужинка
С3= банана, слатко јаболко, киви, чај од лаванда (за мирен и длабок сон)“.