Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022):

Направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции. Регистрирани сe 140 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022), нема пријавено починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,нема пријавено починати лица.