СМИТ: Здраво и добредојдовте на „Science in 5“. Јас сим Висмита Гупта Смит. Зборуваме со д-р Марија ван Керкхов. Марија да започнеме со тоа дека ако „омикрон“ е помалку опасен, зошто луѓето се уште умираат од него?
ВАН КЕРКХОВ: „Омикрон“ е последната мутација и за нејзе имаме мноштво имформации дека предизвикува помалку тешка болест од „делта“, но тоа е се уште мошне опасен вирус. Луѓето кои се заразени со „омикрон“ пројавуваат цел спектар на самата болест, од асимптоматските случаи, па се до смртни случаи. Тоа што знаеме е дека луѓето со други болести, луѓето во поодмината возраст, тие кои не се вакцинирани, имаат потешка форма на болеста. Така што, луѓето и натаму завршуваат во болница, иако се заразени со „омикрон“. Затоа битно е да ги имаме информациите, а тие се дека „омикрон“ е полесна варијанта од „делта“, но воопшто не е безопасен вирус.
СМИТ: Ги гледаме сите овие извештаи дека „омикрон“ е мошне пренослив. Дали тоа значи дека сите ќе се заразиме и дека мерките за заштита не не’ штитат?
КЕРКХОВ: Со сигурност знаеме дека „омикрон“ е мошне попренослив во однос на претходните варијанти. Но тоа не значи дека сите ќе се заразат, иако ќе има големо зголемување на случаите, што ќе создаде притисок врз здравствените системи.
И, ако поради тоа луѓето не можат да добијат соодветна лекарска помош, тогаш голем број од нив ќе развијат тешка форма на болеста и ќе умрат. Значи, не е нужно дека сите ќе се заразат со „омикрон“. Затоа СЗО работи на тоа сите да ја намалат изложеноста и да се намали можноста се заразат. Знаеме дека вакцините штитат од тешки форми на болеста и од смрт, но исто така превенираат во некои случаи од инфекции, па дури и од трансмисија. Но вакцините не се перфектни. Затоа луѓето треба да се заштитат – физичка радалечност, маски кои добро го затвораат заштитениот дел од лицето, чисти раце, избегнување на гужви, по можност работење од дома, потоа тестирање и обезбедете се дека ако треба ќе добиете добра помош. Сите овие мерки треба да ве зачуваат и да бидете безбедни, како од тоа да се заразите, така и од можноста да го пренесувате вирусот.
СМИТ: Зборуваме за тоа зошто е важно да се редуцира трансмисијата на „омикрон“?
КЕРКХОВ: Битно е да ја намалиме трансмисијата и главно е познато зошто. Прво, за да се спречи да развиете тешка форма на болеста. Ако имате други болести или ако не сте вакцинирани, ако сте во поодминати години – може да рзвиете тешка форма на болеста.
Втората причина е дека не ја разбираме целосно состојбата со пост ковид смимптомите односно со т.н. „долг ковид“. Луѓето кои се заразат од Ковид 19 имаат можност од развивање на долготрајни симптоми, состојба што ние ја нарекуваме „посто-ковид состојба“. А ние штотуку почнавме да ги разбираме и да ги дознаваме тие состојби. Имаме уште многу да учиме за тоа и ризикот да развиете долготрајна пост ковид состојба зависи пред се вашата можност да се заразте. Трето, ваквото рапидно зголемување на случаите со „омикрон“ значително ги оптоварува здравствените системи. Исто така, сето тоа влијае и на другите системи, од снабдување до продавници, училишта итн. И последно, што повеќе вирусот циркулира, има повеќе шанси да мутира. Колку повеќе вирусот циркулира, толку повеќе постои шанса тој да мутира. Омикрон нема да биде последната мутација и последната варијанта. Затоа постои голема загриженост. А колку што повеќе варијанти кои не ги разбираме се појавуваат, уште повеќе не знаеме кои последици можат да бидат. Секако, новите варијанти ќе бидат попреносливи. Тие можеби ќе даваат полесна, но можеби и потешка форма на болеста, но тие ќе имаат голема можност да му избегаат на имуниот систем.
СМИТ: Ви благодарам г-ѓа Керкхов.