Сите 75 тужби кои Алијансата за Албанците и Алтернатива ги поднесоа пред Управниот суд се одбиени, објави Канал 5.
Ваква одлука е донесена и за единствената тужба која ја поднесе Интегра.
Со ова се потврдува одлуката која претходно ја донесе ДИК.
Од Алијансата за Албанците преку соопштение информираа дека претседателот на партијата Зијадин Села остварил средба со неколку амбасадори. Села ги навел забелешките за изборниот процес, и како што наведуваат „за организираниот изборен инженеринг од страна на ДУИ“.
На средбите се разговарало и за протестиот марш кој го најавија за во понеделник, а кој ќе почне од скопската населба Чаир. Генералниот секретар Арбен Таравари вели дека тие забележале голем број на изборни нерегуларности.
Вкупно досега во Управниот суд се поднесени 185 тужби.
Најмногу, 101 тужба се од Левица, од каде ја обвинија ДИК за непрофесионално постапување за нивните приговори. Од партијата сметаат дека им се украдени три пратенички места, но очекуваат дека позитивен исход од Управниот суд.
Две тужби поднела и Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, по една тужба имаат поднесено СДУ и Единствена Македонија, две од Демократи и уште една од МРО Работничка партија, а останува да се одлучува и по тужбата на едно од физичко лице кое било спречено да гласа на изборниот ден.
Откако ќе се одлучи по сите овие тужби,потоа државната изборна комисија ќе треба да ги соопшти конечните резултати од изборите.. Согласно законските рокови најдоцна до 4ти августи треба да се конституира новиот парламетнарен состав, а најдоцна за десет дена потоа се очекуива претседателот Пендаровски да го додели мандатот на оној кој ќе формира мнозинство од најмалку 61 пратеник.