Актуелниот шампион и освојувач на купот во одбојка, екипата на Џио Струмица го совлада Вардар со 3:1, по сетови 25:19, 25:21, 26:28 и 25:23, во рамките на третиот полуфинален натпревар од разигрувањето за шампионската титула и со две победи во меѓусебните дуели струмичани повторно ќе ја бранат титулата.

За разлика од вториот натпревар во Скопје, кога Вардар победи со 3:0, одлучувачкиот натпревар помина во интересна и неизвесна игра.

Во финишот на вториот и четвртиот сет, кои без неизвесни до самиот крај, домашните беа поконцентрирани, а единствено третиот сет го загубија на разлика.