Стабилноста на регионот е цената што треба да и ја плати Македонија на Грција за надзорот на безбедноста на македонскиот воздушен простор, кој согласно она што беше договорено на денешниот состанот на Високиот совет за соработка, ќе го прави Атина за Скопје.
Имено денеска во рамки на состанокот на Советот, беа потпишани повеќе меморандуми за соработка, а еден од нив и меѓу министерствата за одбрана, согласно кој Грција ќе врши надзор на безбедноста на воздушниот простор над Македонија.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека согласно меморандумот Грција ќе и помага на Македонија во зајакнување на одбранбените способности на армијата, обуки, одбранбената индустрија, кибер одбраната и во военото разузнавање.
-Надоместот за тоа е стабилноста во нашиот регион, тоа сакаме да го добиеме за возврат. Сакаме сосед што е политички стабилен, но стабилен и од аспект на безбедноста. Само кога ќе имаме стабилен и безбеден сосед, тогаш ќе се чувствуваме безбедно, рече Ципрас, одговарајќи на новинарско прашање дали без или со надомест ќе врши надзор на безбедноста на нашиот воздушен простор.
Напомена дека Грција има врвни вештини и знаења во во однос сферата на воздухопловството, земјата, како што рече е една од најразвиените во Источна Европа и има капацитет да ја поддржи Македонија.
Соработката, додаде тој, не е само во сферата на военото воздухопловство, интересот е да се зајакне и соработката во цивилното воздухопловство.
Најави обука на граѓани на Македонија, техничка поддршка преку врвни технологии и радарот во Солун.
-Ова е начинот на кој ќе обезбедиме важна поддршка и во полето на безбедноста на летовите и воопшто на воздухопловството. Ова е важно бидејќи со тоа се спречуваат незаконски активности, се спречуваат несреќи и се гарантират безбедни комуникации. За нашата услуга нема да има надомест, рече Ципрас и додаде дека еднаш засекогаш треба да се стави крај на праксата кога порано грчките пилоти поради спорот со заобиколуваме македонскиот воздушен простор.
На новинарско прашање што доколку опозициите во двете земји победат на избори и го поништат овој договор, но и Преспанскиот воопшто Заев и Ципрас оптимисти дека тоа нема да се случи толку брзо и оти имаат намера тие да победат на следните избори во нивните земји, но и дека двете опозициите со текот на времето ќе ги сфатат придобивките од Договорот, зад кој застана меѓународната заедница.
Заев напомена дека земјава е природно да воспоставува воена соработка со соседите.
-Со Бугарија имаме соработка во областа на тенковите и тренизните, со Турција имаме во областа на едукацијата, а со Грција е договорено да го покрива нашето небо, обезбедувајќи ја сигурноста и стабилноста, рече тој и додаде дека не верува оти некој во иднина би се откажал од ваков договор, бидејќи тој е во интерес на регионот, но и на НАТО Алијансата.