Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет, на натпревар во пониските лиги во Белгија, голман почина брзо откако одбрани пенал.
Арне Еспел беше голман на Б тимот на Винкел спорт, а почина во болница, каде беше пренесен откако колабираше на терен, непосредно после одбранет пенал. Лекарите кои биле на стадион, половина час се обидувале да го вратат во живот, но не успеаја да го спасат несреќното момче.
Мечот бил прекинат, играчите на двата тима чекале вести од болницата, па тагата била голема која дознале дека нивниот колега починал. Утре ќе се изврши аутопсија, по што ќе се знае точната причина за смртта.