Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи да се искачува на АТП ранг-листата на која од денеска за прв пат во кариера се наоѓа меѓу најдобрите 500 тенисери.

Младиот 18-годишен Ивановски на најновата ранг-листа е позициониран на 494 место, напредувајќи за десет места во однос на претходното рангирање.

Ивановски изминатиот период настапи на четири фјучерс турнири во Тунис, на кои два пати дојде до финалето.

Македонскиот тенисер поради повреда вчера го откажа настапот во финалето на турнирот во Монастир.

На врвот на АТП листата и натаму е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кому сега му недостасува уште една недела на врвот да го израмни апсолутниот рекорд што го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф, која беше на чело на ВТА листа 377 недели.