Додека Скопје во последните 24 часа беше блокирано, илјадници луѓе излегоа на улиците на главниот град на Македонија за да протестираат против промена на името, објави грчка „Иефемерида“.

Синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, еден од најголемите во последната деценија беше една од ударните вести на сите светски агенции, АП, АФП, Ројтерс, Фокс…а беше пренесена и во грчки медиуми.

„Иефемерида“ забележува дека поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ демонстрираа во саботата изикувајќи „не“ за промена на името и побараа предвремени избори заради лошата економска состојба.

Весникот го цитира лидерот на најголемата парламентарна опозициска партија, Христијан Мицковски, дека Заев ќе направи непоправлива штета од која нема да има враќање. „Наша позиција е јасна, ние сме против промена на Уставот и промена на името“, и побара предвремени избори в година во март или во април. Во извештајот се додава дека на протестот кој помина мирно и без инциденти, со видео порака се обратил премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Притоа, на крајот се потсетува дека и Грција се подготвува за протести во среда во неколку градови на која главен акцент ќе се стави на „грчкоста на Македонија“.