Кај Порта Македонија на плоштадот Македонија во центарот на Скопје, вечерва од 18:00 до 21:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да проследат презентација на возила, вооружување и опрема која се употребува на воената вежба „Одлучен удар 19“.

На презентација ќе присуствува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, в.д, амбасадорката на САД, Микаела Швајцер-Блум, командантот на здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсовски, претставници од градот Скопје, Министерството за одбрана, Армијата на Македонија и Амбасадата на САД.

Присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со учесниците на вежбата поблиску да се запознаат со борбените возила, вооружување и опремата, кои се употребуваат на оваа досега најголема воена вежба организирана кај нас.

„Одлучен удар“ е досега е најголема вежба реализирана во Македонија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на шест држави.

Вежбата која се изведува во период од 5-ти јуни до 8-ми јули година на армискиот полигон „Криволак“ има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.