Земјите членки на ЕУ успеаја да постигнат компромис за заклучоците за проширување, но амбицијата да се одржат првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана не е дел од нив, јави МИА.
Иако словенечкото претседателство јавно настапи со надеж дека преговорите со Македонија и Албанија ќе започнат до крајот на оваа година и тоа беше експлицитно наведено во нацрт заклучоците, по денешните преговори меѓу министрите за европски прашања временската одредница не беше задржана.
Словенечкиот државен секретар Гашпер Довжан одговори дека не е невообичаено да има измени во предложениот текст на заклучоците од претседателството, дека преговарачката рамка се уште не е усвоена, но се оптимисти дека ќе може да се продолжи на воспоставениот правец што е можно побргу.
Конечно „бел чад“, напиша на твитер еден од известувачите од министерскиот Совет, а заклучоците ги поздрави и еврокомесарот Оливер Вархеји кој оцени дека тие ги посочуваат приоритетите на кои ќе се работи натаму со Западен Балкан на нивниот „ЕУ пат“ (што и да значи тоа).
„Ова е важен сигнал дека проширувањето е приоритет на ЕУ“, порача Вархеји.