Шестиот пакет мерки се состои од финансиска помош вредна 17,8 милиони евра со кои ќе се помогне на околу 10.000 компании и околу 60.000 илјади вработени.

Седум мерки вредни 17,8 милиони евра се дел од шестиот сет економски мерки кои денеска беа одобрени на владината седница. Помош за справување со последиците од пандемијата ќе добијат угостителите, туристичкиот сектор и медиумите.

30 проценти од приходите на угостителските објекти ќе им бидат покриени, а секое вработено лице ќе добие финансиска помош од 15.200 денари. Ќе бидат опфатени околу 6.000 угостителски објекти и околу 17 илјади вработени.

Туристичкиот сектор ќе добие бесплатни 50 илјади ПЦР тестови за странските туристи, а туристичките агенции ќе добијат грантови од 2 до 5 илјади евра. Преку Развојната банка, медиумите ќе имаат можност да аплицираат за бескаматни кредити.