Велешкиот суд му определи притвор на екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски откако не се појавил на денешното рочиште а не бил присутен ниту неговиот бранител.
Информацијата први ја објавија од Коалицијата за правично судење кое го следи овој судски процес. Од велешкиот суд за Телма изјавиле дека притворот е одреден поради избегнување да прими покана определен му е притвор заради обезбедување на присуство на судење.
Притворот трае од денот на приведувањето до објавувањето на пресудата, но не може да трае подолго од 30 дена. Пред една година скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со АКМИС-от, системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд.
Предметеот се суди во Велес за да се избегне евентуална пристрасност во Скопје поради тоа што Панчевки беше претседателПд на Кривичниот суд.