Огнен Ставрев ќе го приведе претепаниот Тони Трајковски ако не дојде утре на „ТНТ“

/ 23.12.2019
И покрај видливите повреди, судијата Огнен Ставрев кој брза по секоја цена да донесе пресуда во полза на Фиат Цановски во ТНТ, запоставувајќи го дури и Монструм, оценил дека Трајковски е во состојба да присуствува на судење. Не се наведува дали ова е негова произволна оценка од фотографиите кои протекоа во јавноста или, сепак, се консултирал и со лекарите кои го третирале. Доколку не се појави на утрешното рочиште, Трајковски ќе биде приведен стражарно, ова е конечната одлука на судијата Огнен Ставрев.
Закана со полициско приведување: Судијата Ставрев оцени дека претепаниот Трајковски е „добар“ за судење

Судијата во случајот на СЈО „ТНТ“, Огнен Ставрев, оцени дека претепаниот екс градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски е подготвен за утрешното судење.

“Тони Трајковски е во добра општа состојба и на пат е кон дома. Ако не дојде за еден час, ќе го приведеме стражарно, рече судијата Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ и даде еден час пауза.

Денешното рочиште на „ТНТ“ беше одложено токму поради неприсуството на Трајковски, обвинет во случајот, чие синоќешно претепување како причина за неприсуство на судењето е навремено пријавено во судот. И покрај видливите повреди, судијата Ставрев оценил дека Трајковски е во состојба да присуствува. Не се наведува дали ова е негова произволна оценка од фотографиите кои протекоа во јавноста или се консултирал и со лекарите кои го третирале. Доколку не се појави на утрешното рочиште, Трајковски ќе биде приведен стражарно, одлучи судијата Огнен Ставрев.


Од истата категорија