Иако беше еден од водачите на „огнената група“ во ДУИ, поранешниот партиски потпретседател Невзат Бејта одби да се приклучи на новата партија на Изет Меџити и повторно му даде доверба на Али Ахмети.
Инаку, Бејта денеска го придружуваше Ахмети во реканскиот крај, каде се одржа централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на Културното друштво „Горна Река“, објави Фокус.
-На ова наследство му припаѓа и Скендербег. Река е значајно место за нас кое мора да се чува со фанатизам и сакам да ја охрабрам и посакувам Здружението на Река да ја зачува и унапредува културата, фолклорот и говорниот јазик на Река. Овој говор е многу важно наследство на Албанците не само во Македонија бидејќи Река допира три граници Албанија, Косово и Македонија, изјави Ахмети.
Инаку, против враќањето на Бејта во ДУИ јавно се изјасни спикерот Талат Џафери.
-Секој ден кога почнувате со работа, погледнете се себеси во огледало и не заборавајте од каде доаѓате. Како не му е срам да се врати во партијата по сите критики на јавните излегувања, изјави Џафери во интервју за ТВ 21.