Синоќа околу 20 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Ѓорги Поп Христов“ во спортска обложувалница, две непознати маскирани лица со закана со пиштоли од вработениот одзеле засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што го напуштиле местото на настанот, велат од МВР.
Истиот ден во 03 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Февруарски Поход“, во бензиска пумпа две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените.
-Сторителите со закана со огнено оружје од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што го напуштиле местото на настанот, се вели во соопштението од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи и за пронаоѓање на сторителите