Водата во Охридското езеро е потопла од просекот на септември.
Денешните хидролошки мерења направени во 13:30 часот покажуваат дека температурата на водата во Охридското Езеро е 24,5 степени за разлика од септемврискиот просек кој изнесува 20,9 степени.
Кај Преспанското Езеро, температурата на водата денеска изнесува 25 степени, а кај Дојранското Езеро 27,8 степени.
Што се однесува до водостојот на реките, нема некои поголеми промени во однос на вчерашниот ден. Кај поголем број на реки, намалено е нивото во однос на септемврискиот просек. Повисоко е нивото сам