Охридските навивачи Рибари со урнебесна парола му одговорија на министерсот за здравство, Венко Филипче, откако во петокот беа продолжени мерките за претпазливост, па спортските натпревари се играат и викендов без гледачи, а тоа ги спречи вчера да ги бодрат своите играчи во езерското дерби со Струга.
Мечот во СЦ „Билјанини Извори“ се одигра пред празни трибини, победи Охрид со 31-24, но незадоволството меѓу навивачите за да не присуствуваат на мечот е огромна, па со парола го „поткачија“ минисерот за здравство.
„Корона не не плашит, Филипче, Италијанка да те бацит“, е пораката на охридските „Рибари“.