Борец славеше над Шкендија со 4:2 во натпревар од 22 коло во Првата македонска фудбалска лига.
Трите бода за велешани во борбата за опстанок ги осигура Никола Радовиќ во 12. минута и во 40. минута, а по еднаш во листата на стрелци се впишаа Фернандо Силва во 72. минута и Никола Прелчец во 78. минута.Двоен стрелец за тетовци беше Арменд Алими во 80. минута и во 90. минута.
ПМФЛ, 22 коло, резултати
Борец – Шкендија 4:2
Силекс – Македонија Ѓ.П. 1:0
Струга Трим Лум – Шкупи 1:2
Ренова – Вардар 2:0
Работнички – Академија Пандев 1:0
Табела: Вардар 43, Шкендија 35, Силекс 35, Македонија Ѓ.П. 29, Академија Пандев 28, Шкупи 28, Ренова 28, Струга Трим Лум 25, Работнички 25, Борец 24.
Идно коло: Вардар – Струга Трим Лум, Шкендија – Работнички, Шкупи – Силекс, Академија Пандев – Ренова, Македонија Ѓ.П. – Борец.