Европскиот шампион Вардар со победа се вража од Нашице, што во последните моменти од натпреварот ја обезбеди голманот Борко Ристовски.

Вардар го победи Нексе во Нашице со 31:30 откако домашните ракометари имаа предност речиси во текот на целиот натпревар. Но, на крајот со минимално еден гол разлика, победата е за Вардар.

Нексе го имаше последниот напад за израмнување, но одлично реагираше Ристовски и со третата одбрана на мечот му донесе победа на Вардар во натпревар од СЕХА-лигата.