Кошаркарите на САД се пласираа во финалето на Олимписките игри во Париз откако во полуфиналето ја совладаа Србија со 95:91. Американците победија во драматичен меч по пресврт, а во финалето ќе играат против Франција која претходно триумфираше над Германија.
Избраниците на селекторот Светислав Пешиќ константно одржуваа позитива на овој меч против „Дрим тимот“.
Во текот на втората четвртина Србија имаше и највисоки 17 поени предност (42:25). Но, Американците од стартот на второто полувреме почнаа постепено да ја намалуваат разликата.
Српските кошаркари во последната четвртина влегоа со водстви од 13 кошеви, но и покрај тоа кошаркарите на САД на три и пол минути пред крајот се вратија целосно во игра (84:84), а потоа поведоа и го свртеа натпреварот во своја полза.
Убедливо најдобар во тимот на САД беше Стеф Кари со 36 поени, следен од Џоел Ембид со 19 поени и Леброн Џејмс со „трипл-дабл“ учинок од 16 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
Србија ја предводеше капитенот Богдан Богдановиќ со 20 поени, Никола Јокиќ запиша 17 поени и 11 скокови, а Алекса Аврамовиќ имаше 15 поени