Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата.
Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.
По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.
Како што дознаваме, се вршат низа претреси и разговори, поврзани со злоупотреби во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.
Направени се претреси на повеќе места низ градот. Акцијата се реализира по налог на надлежните институции и е поврзана со сомневања за евентуални злоупотреби.
Освен во самата прилепска болница, како што неофицијално дознаваме, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.
Повеќе информации очекуваме во текот на денот.