Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица од Велес за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик“.
Како што информира ОЈО, обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, односно го нарушиле полицискиот час.
-За сите обвинети надлежен јавен обвинител предложи да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност, соопшти ОЈО.