Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети, како што соопшти Јавното обвинителство, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите предложија парична казна од по 2.000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра, стои во соопштението.