Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е издадена наредба за обезбедување на МРП вакцините со погрешни декларации, по добиено известување од МВР дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени.
– Постапувајќи по наредбата издадена од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи го извести надлежниот јавен обвинител дека во простории во правното лице „Македонија лек“ биле пронајдени МРП вакцините со погрешни декларации и дека тие се уште не се уништени. Надлежниот јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обезбедување на вакцините за потребите на евентуална идна постапка. Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување, информираат од Јавното обвинителството на Република Македонија.
Од ЈОРМ информираат дека проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба.