Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинение против 20-годишник од скопско Арачиново, осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Обвинетиот во својот дом во Арачиново неовластено заради продажба држел вкупно 128,63 грама кокаин. При претресот од службени лица кај него е пронајдена и дигитална вага, како и пари во различни апоени со вкупен износ од 155.550 денари и 100 евра.
-Со оглед на тоа што и натаму постои оправдан страв дека обвинетиот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, соопшти ЈОРМ.