ПЕНДАРОВСКИ: „Имавме често муабети за името. Ќе го смениш името, и никој нема да знае, и утре ќе се викаме не знам како. Не може. Мораш да дојдеш во институции. Во тој момент, јас ви тврдам, сите што беа до последен, десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај и сите слободарски граѓани колку и да звучи тоа како фраза, душата ќе му ја извадат на тој што би го потпишал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такво нешто, но ако има, мислам дека мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе.“