Професорката Сара Гилберт, лидер на научниот тим од Универзитетот Оксфорд, кој бара вакцина против коронавирусот, денеска објави дека за време на тестирањето на новата вакцина, кај примателите е забележана посакуваната реакција на имунолошкиот систем, но не сакаше да прецизира кога вакцината би можела да биде подготвена за употреба.
Професорката по вакцинологија Сара Гилберт изјави дека 8.000 волонтери биле вклучени во тестовите од Фазата III за вакцината АЗД1222, за која е лиценцирана компанијата Астра Зенека.
Истражувањето е многу интензивно затоа што постои оправдан страв дека пандемијата би можела да се разгори на крајот на годината кога е зима во северната хемисфера.
Професорката Гилберт изјави дека е „80 проценти убедена“ оти вакцината што ја развил нејзиниот тим ќе биде успешна против Ковид-19, пишува лондонски „Индепендент“.