ОЛЕСНУВАЊЕ НА МОБИЛИЗАЦИЈАТА: Русија ќе регрутира војници и преку интернет

/ 11.04.2023

Долниот дом на рускиот Парламент едногласно изгласа измените на законот со цел да се олесни мобилизацијата, и да се отежне избегнување на регрутирањето.

Измените предвидуваат воведување електронски систем за воено регрутирање односно електронски повици преку интернет.

Досега документите за регрутирање во Русија требаше да се поднесуваат лично во локална воена канцеларија или преку работодавецот. Со измените на законот, документите за регрутација би се испраќале по пошта и преку интернет.

По добивањето на електронската покана, на граѓаните кои нема да се појават во воената канцеларија автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство.


Од истата категорија